Барселона го купи Дембеле за 105 милиони евра

LinkSense.mk

Челниците на фудбалскиот клуб Барселона го скршија отпорот на Борусија од Дортмунд и за 105 милиони евра го купија младиот француски напаѓач Оусмане Дембеле.

Борусија со недели одбиваше да го продаде дваесетгодишниот Французин, дури и го суспендираше поради тајни преговори со каталонскиот гигант.

Меѓутоа, на Вестфален арената сепак попуштија.

Освен 105 милиони евра отштета, Борусија договори и бонуси зависно од бројот на настапи и бројот на освоени трофеи.

Дембеле потпиша договор на пет години со отштетна клаузула од дури 400 милиони евра.

Дембеле во Борусија мина само една сезона откако во јули лани стигна од француски Рен во кој ја започна кариерата. За германскиот состав постигна 10 голови и има 21 асистенција.

Во Барселона би требало да го замени Бразилецот Нејмар кој за 222 милиони евра се пресели во францускиот ПСЖ.

Шпанските медиуми наведуваат дека ова не е крај на „пазарењето“ на Барселона. Следна мета е Бразилецот Филипе Котуњо. Ливерпул до сега одбил три понуди, а последната изнесувала 115 милиони евра.