Барселона избра десен бек, доаѓа Марио Срна !?

Шампионот на Шпанија Барселона го одбра десниот бек Дарио Срна за трансфер во зимскиот преоден рок, пишуваат Мундо Депортиво и Ас.

Каталонците долго време се во потрага по играч на десната страна, се шпекулираше со имињата на Бранислав Ивановиќ, Стефан Лихштајнер, Антонио Рукавина и Матие Де Шиља, но изборот паднал на некогашниот хрватски репрезентативец.

На Срна му истекува договорот на лето следната 2017 година, но Шахтјор, чиј член е 13 години и практично жива легенда, подготвен е да го пушти без обесштетување.

„Ако Дарио донесе одлука за заминување, ќе ја почитуваме. Заслужи најголема можна благодарност од нас за се што даде за Шахтјор. Ќе биде така како што тој ќе посака“, рекол претседателот на „рударите“ Ринат Ахметов.

Тренерот на Барселона Луис Енрике нема многу опции на таа позиција, Алекс Видал не го оправда очекувањето, поради што играчот за врска Серџи Роберто принудно игра на десната страна во одбраната.

Срна би бил прва замена за Даниел Алвес затоа што има слични карактеристики, но не и решение за долги патеки поради годините (34), па на лето Барцелона ќе се обиде да го доведе Жоао Кансело од Валенсија.