Барселона прими осум гола, прв пат од 1946 година

Баерн вчера вечерта ја совлада Барселона со 8:2 во четвртфиналето од Лигата на шампионите. Каталонците примија толку многу голови прв пат по далечната 1946 година.

Тогаш Барселона загуби од Севиља во Купот на Шпанија со резултат 0:8.

Воедно, капитенот на Барселона, Лионел Меси го претрпе највисокиот пораз во неговата кариера, на клупски и репрезентативен натпревар.

Претходно Меси го имаше највисокиот пораз во дресот на Аргентина, од Боливија со 1:6 во 2009, а со Барса има загубено 0:4 од Ливерпул, ПСЖ и Баерн.