Бачев и Јаневски загубија од Управен суд

Управниот суд ги одби тужбите што ги поднесоа Социјалдемократската партија и Народното движење за Македонија, откако нивните пратенички листи беа отфрлени од Државната изборна комисија поради неправилности.

Управниот суд оценил дека тужбите се неосновани, бидејќи партиите на Јанко Бачев и Бранко Јаневски не ги исправиле неправилностите во дадениот рок од ДИК.

Од Државната изборна комисија потврдија дека ја добиле одлуката на Управниот суд.