Бајден е подготвен да ја одложи втората дебата со Трамп, планирана за 15 октомври

Кандидатот на Демократската партија за нов американски претседател, Џозеф Бајден, е подготвен, доколку е тоа потребно, да го одложи датумот на следната дебата со актуелниот американски претседател и републикански кандидат за истата позиција, Доналд Трамп, кому му е дијагностициран коронавирус, соопшти Кит Бедингфилд, претставникот на неговиот предизборен штаб за американската телевизија Еј-Би-Си (ABC)

Втората дебата меѓу Трамп и Бајден беше однапред испланирана и веќе е закажана за 15 октомври во Мајами.

-Веруваме дека дебатата треба да се одржи на одреден датум, но тоа зависи од многу фактори, пред се од здравјето на претседателот Трамп. Му посакуваме брзо и целосно закрепнување, рече Бедингфилд.

„Се надеваме дека дебатата ќе се одржи во однапред утврдениот датум, но, секако, дека ќе ги прифатиме сите потребни промени во распоредот“, додаде тој.