Бајден поубедлив од Трамп во дебата без јасен победник!

Вечното прашање во американската современа политика – Дали телевизиските дебати на претседателските кандидати менуваат нешто суштинско во определбата на гласачите во САД на месец дена пред изборите? – се стави и ноќеска на проба во првиот од трите најавени предизборни ТВ-судири помеѓу Доналд Трамп и Џо Бајден. Традиционално, овие дебати имаат голема гледаност, па како што вели „чичко Гугл“, првата, во 1960 година, помеѓу Никсон и Кенеди, ја гледале во живо 66 милиони Американци од тогашните 179 милиони тамошни жители; во 1980, на пример, телевизиското надмудрување на Картер и Реган во живо го следеле 80 милиони гледачи од 226 милиони жители; а првата дебата на минатите избори, во 2016, помеѓу Трамп и Хилари Клинтон ја следеле 84 милиони гледачи од тогашните 323 милиони Американци.

И во апсолутни и во релативни цифри, интересот за тоа врвно политичко шоу е огромен, особено кога на телевизиските, ќе се додадат и милионите гледачи (како мене) кои во целиот свет на интернет платформите се вклучиле во живиот пренос од Кливленд, во Охајо. (Патем, сум бил во Кливленд, своевремено важеше за најдепресивниот индустриски град во Америка, со најголем годишен просек на самоубиства… А за време на оваа 90 минутна дебата беше под вистинска полициска и разновидна протестирачка опсада.)

„Заспаниот Џо“ (како што подбивно го нарекува Трамп својот опонент Бајден) е 47 години во политиката, наспроти 47-те претседателски месеци на Доналд кои го променија светот: жестоката конфронтација е меѓу Бајденовото политичко искуство и неговиот човечки интегритет и емпатија; наспроти контроверзноста на Трамп и неговите неизбрусени политички инстинкти.

На пример, колку за илустрација, ден пред дебатата, Бајден ја објави висината на неговиот платен федерален данок за 2019 година што изнесува близу 300.000 долари; наспроти Трамп кој, во 2016, годината кога стана претседател, и во 2017 (според податоците до кои пред два дена дошол „Њујорк Тајмс“, а кои Трамп веднаш ги прогласи за „фејк њуз“) платил по неверојатни – 750 долари! (За да се ослободи од данок, Трамп во годините пред тоа како трошок пријавувал дека, додека го водеше своето ТВ-шоу „Апрентис“, за одржување на фризурата трошел по 70.000 долари, а неговата ќерка Иванка дури 95.000 долари годишно! Но, според објавените финансиски податоци, во наредните четири години на Трамп му пристигнуваат шокантни 421 милион долари на име отплата на рати за кредитите, и кон странски банки, со кои се оптоварени неговите, главно, пропаднати бизниси, за кои никој жив не може да објасни од каде ќе ги плати… И така натаму.)

Целата колумна на Сашо Орданоски за Слободен печат на следниот ЛИНК.