Бајден стигна во Полска

LinkSense.mk

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден, денес пристигна во Полска, во Жешов, град на стотина километри до украинската граница.

Во Жешов, Бајден треба да се состане со полскиот претседател Анджеј Дуда, чиј авион од засега непознати причини, веднаш по полетувањето, наводно, поради технички причини, принудно се врати назад, на аеродромот во Варшава.

Од кабинетот на Дуда стигна информација дека се подготвува резервен авион кој ќе го однесе до местото на средбата со Бајден.

Предвидено е Бајден и Дуда, после состанокот, да ги посетат американските војници од 82-та воздушно десантна дивизија, кои од неодамна се распоредени во Полска.