Бајден: Ќе бидеме подготвени да го заштитиме правото на абортус

LinkSense.mk

Американскиот претседател Џо Бајден денеска изјави дека не знае дали објавената одлука на Врховниот суд за абортусот е точна или ја одразува конечната одлука, но тврди дека неговата администрација ќе биде подготвена да одговори кога ќе биде донесена одлуката со цел да се заштитат правата за абортус, пренесува МИА.

„Верувам дека правото на жените на избор е основно“, наведе Бајден во писмената изјава.

Првичната, неофицијална одлука која излезе во јавноста сугерира дека Врховниот суд на САД ќе гласа за поништување на одлуката донесена во случајот „Ро против Вејд“, со кој во 1973 година се легализираше абортусот низ САД.

Одлуката не е потврдена, но доколку е точна тоа би било преседан предлог-одлука на Врховниот суд да биде јавно објавена пред да биде официјално објавена.