Бегалец од Сомалија рани девет студенти на Универзитетот Охајо

Осомничениот, кој денеска пукаше и рани девет лица на Универзитетот Охајо, е убиен.

Напаѓачот бил на 20-годишна возраст и по потекло е од Сомалија. Бил бегалец и илегално престојувал во САД.

Едно лице од повредените е во тешка здравствена состојба.

Државниот универзитет Охајо, еден од најголемите во САД, се наоѓа во градот Колумбос и има над 65.000 студенти.