Без вода дел од жителите на Кисела Вода

Прекин на водоснабдувањето денеска ќе имаат корисниците од улиците „Жил Верн“, „Есенинова“ и улица „Јордан Филиповски“ во населбата Кисела Вода.

Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекин на водоснабдувањето ќе има поради реконструкција на водоводна мрежа на улица „ Жил Верн“ бр. 3.

Корисниците ќе бидат без вода од 10:30 часот се до завршување на реконструкцијата.