Без вода денеска дел од Чаир

Без вода денеска од 10:00 часот се корисниците од улиците „Цветан Димов“, „Коста Абрашевиќ“, „Панче Неделковски“ и „Џон Кенеди“ во Општина Чаир.

Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи-Скопје, прекинот е поради уличен дефект од Ф-2цол на улицата „Цветан Димов“ бр. 98 во населбата Чаир.

Корисниците ќе бидат без вода се до санирање на дефектот.