Кристијано Роналдо неодамна, во ревијалниот натпревар против Пари Сен Жермен, првпат настапи за Ал Наср, но денеска имаше натпреварувачко деби во фудбалскиот шампионат на Саудиска Арабија.
Роналдо, кој од трансферот во споменатиот клуб ќе заработи 200 милиони евра, овојпат не успеа да се запише во листата на стрелци.
Во мечот со десеттопласираниот Ал Етифак, Ал Наср победи со 1:0, а Роналдо, кој беше убеден дека ќе постигне гол кога извонредно воочи што ќе се случи во завршницата од една акција, доживеа погодокот да му го „украде“ соиграч.
Имено, откако португалскиот ас сфати дека следи центаршут и брзо втрча во казнетиот простор на противникот, фантастично скокна, но топката за малку го прелета, а од зад него дојде Талиска, кој го постигна голот за конечни 1:0.
Ал Наср го превзеде лидерското место на табелата во саудискиот шампионат, има 33 бода, еден повеќе, со еден одигран натпревар помалку, од второпласираниот Ал-Хилал.