Белградски саем на книгата: Средба со Персија

LinkSense.mk

Најрепрезентативната литературна манифестација во овој дел на Европа, Меѓународниот белградски саем на книгата оваа година ќе биде одржан од 23 до 30 октомври.

Гости на овогодишниот 61 Саем ќе бидат големи литературни имиња – писателите Захар Прилепин, Ерленд Лу, Вил Фирст, Свејн Мененсланд, Ведрана Рудан, Александар Мекол Смит, Александра Потер, Антон Холцер, Миленко Стојичиќ, Румјан Еберт и Маркет Хајклова.

Под мотото „Книгите во раце“ ќе се претстават повеќе од 450 излагачи, а почесен гостин на манифестацијата ќе биде Али Јанат, министер за култура на Исламска Република Иран, кој свечено ќе ја отвори.

Во саемските хали своите наслови ќе ги изложат околу илјада издавачи, а организаторите очекуваат околу 150 илјади посетители.

За време на Саемот ќе бидат претставени шест книги кои се преведени од персиски на српски, а во Југословенската кинотека ќе бидат прикажани седум ирански филмови.