Белориски опозиционери зад решетки

Судот во Минск вчера и изрече затворска казна на Марија Колесникова (39), која беше член на Координацискиот совет на белоруската опозиција.

Како една од лидерите на протестот против претседателот Александар Лукашенко, Колесникова е осудена на 11 години затвор, а адвокатот Максим Знак кој, исто така, учествуваше во организација на бунтот доби 10 години затвор.

Покрај Светлана Тиханонвскаја, професорот по флаута Матија Колесникова стана симбол на немирот во Белорусија после претседателските избори за кои опозицијата смета дека се украдени од Лукашенко.

Инаку, Колесникова не беше во изборниот штаб на Тихановскаја, туку подоцна и се придружи.

Претходно таа беше координатор во штабот на банкарот Виктор Бабарик, уште еден претседателски кандидат кој е елиминиран од страна на власта пред изборниот ден и кому не му беше дозволено учество на изборите.

Властите тврдеа дека Колесникова се обидела да побегне во Украина, но таа тоа упорно го негираше велејќи дека власта сакала со употреба на сила да ја избрка преку државната белоруска граница.

Марија Колесникова и Максим Знак се осудени за организација на немири со цел рушење на власта на Белорусија. Колесникова се наоѓа во притвор од минатиот септември.

Пред зградата на судот во Минска вчера се собраа нивните приврзаници.