Белорусинка е победничка на првиот светски избор за Мис во инвалидска количка

Александра Чичкова од Белорусија е избрана на светскиот натпревар за Мис во инвалидска количка, прва таква манифестација што се одржа во Варшава.

Чичкова има 23 години и студира психологија.

На гала манифестацијата учествуваа 24 млади жени од 19 држави.

„Целта на манифестацијата е да се смени сликата за жените во инвалидски колички, изјави Катарзина Гиналска, една од организаторите и претседател на жирито.