Белорусија: Воен авион падна на куќа, двајца загинати

Двајца пилоти попладнево загинаа при пад на авион кај селото Баранович во Белорусија, соопшти прес службата на белоруското Министерство за одбрана.

„Воен авион ‘Јак-130’ од Лидската јуришна авио-база падна кај Баранович… За жал, двата пилоти загинаа“, кусо се наведува во соопштението од воениот ресор.

Авионот паднал на куќа, но нема жртви меѓу населението.