Белорусија приземји патнички авион, уапсен опозиционер

Пратеникот во Државната дума, Вјачеслав Лисаков, го нарече апсењето на опозицискиот активист во Белорусија, Роман Протасевич, „брилијантна операција“ на специјалните служби.

„Несомнено, КГБ на Белорусија изведе брилијантна специјална операција од оперативна гледна точка. Го следеле ‘објектот“, го спроведоа, одиграа потенцијален терористички напад и фактички го натераа авионот да слета. И, на крајот, го примија во сигурни раце: Шлаг на тортата може да биде сурова судска пресуда и помилување од претседателот Александар Лукашенко“ – напиша Лисаков на Телеграм.

Тој додаде дека ова што се случи е „сериозен потег кон авторите на ресурсите кои често ги провоцираа луѓето на директни судири со полицијата заради политички и финансиски интереси.

Претходно беше соопштено дека основачот на каналот „Некста“ на Телеграм, Роман Протасевич, е уапсен на аеродромот во Минск. Тој е обвинет, меѓу другото, за „организација на масовни немири“ во Белорусија.