Беќаровски: Вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, трудот на белите мантили го обесчестивте

Професорот и доктор Нико Беќаровски на својот фб профил напиша статус за вчерашната причесна што се водеше во храмовите: „Сите Вие кои вчера со едно исто лажиче по храмовите се причестивте, десетмесечниот деноноќен труд на белите мантили го обесчестивте.
Кога на 19 јануари ќе Ви требаат белите мантили, а не црните мантии, ние ќе се “бањаме” за да симнеме дел од потта под скафандерите и талкот под ноктите.
П.С. Отворете ги кафеаните, таму барем даваат едно лажиче за еден гостин.