Бил и Хилари Клинтон на инаугурацијата на Трамп

Поранешниот американски претседател Бил Клинтон и неговата сопруга, поранешната државна секретарка и претседателски кандидат Хилари Клинтон, ќе присуствуваат на инаугурацијата на новиот американски претседател Доналд Трамп.

Потврдата на сопружниците Клинтон дека ќе дојдат на инаугурацијата на Трамп, на 20 јануари, следеше веднаш откако доаѓањето го најавија поранешниот претседател Џорџ Буш помладиот и неговата сопруга Лаура.

Хилари Клинтон, која од Демократската партија беше противкандидат на Трамп на претседателските избори, после изборниот пораз во ноември главно ја одгебнуваше јавноста.

Бил и Хилари Клинтон, меѓутоа, како поранешен претседател и прва дама на САД, мораат да се соочат со деликатната одлука да дојдат на инаугурацијата на новиот претседател.