Бијонсе има најмногу номинации за Греми

Американската поп ѕвезда Бијонсе предничи со номинациите за Греми наградите за 2017 година, со девет номинации, вклучувајќи за најдобар албум и песна на годината.

Пеачката, која веќе има освоено 20 Греми награди, исто така е прва од уметниците која во иста година е номинирана во поп, рок и ар-ен-би (RnB) категориите.

Бијонсе, со девет номинации годинава, вклучувајќи за најдобар албум и песна на годината
Бијонсе, со девет номинации годинава, вклучувајќи за најдобар албум и песна на годината

Зад Бијонсе се Дрејк, Ријана и Кајне Вест, со по осум номинации.

Како и Бијонсе, британската пеачка Адел, исто така, е номинирана за албум, плоча и песна на годината.

Адел, номинирана за албум, плоча и песна на годината
Адел, номинирана за албум, плоча и песна на годината

За албум на годината, албумите на Бијонсе и Адел „Lemonade“ и „25“ ќе се натпреваруваат хитот на Дрејк „Views“, албумот на Џастин Бибер „Purpose“ и изненадувањето во номинациите, третиот албум на кантри пеачот Стерџил Симпсон „A Sailor’s Guide to Earth“.

Џастин Бибер
Џастин Бибер

Девете номинации на Бијонсе вклучувајќи најдобра рок изведба (Don’t Hurt Yourself) со Џек Вајт, поп соло настапот (Hold Up), рап настапот (Freedom) со Кендрик Ламар и урбаниот современ албум „Lemonade“.

beyonce-2

Со 62 номинации до сега Бијонсе е женски изведувач со најмногу номинации во историјата на Греми.

Адел која има пет номинации, номинирана е за најдобар поп албум „25“ и за поп соло настап „Hello“.

Греми наградите ќе бидат врачени во Лос Анџелес на 12 февруари 2017 година.

Дејвид Боуви
Дејвид Боуви

Дејвид Боуви кој умре од рак во јануари оваа година, доби четири номинации за својот последен албум „Blackstar“, вклучувајќи за најдобар рок настап, рок песна, албум со алтернативна музика, и најдобар технички направен албум.