Близок соработник на Зеленски си поднесе оставка

LinkSense.mk

Заменик-шефот на кабинетот на украинскиот претседател Кирило Тимошенко денеска соопшти дека поднел оставка.

Како што напиша на апликацијата Телеграм, тој побара од шефот на државата Володимир Зеленски да го ослободи од должноста, пренесе Ројтерс.

„Му благодарам на претседателот на Украина Володимир Зеленски за довербата и можноста да прави добри дела секој ден и секоја минута“, напиша Тимошенко,пренесе Тан.