Два „Еурофајтер Тајфун“ авиони на британското и германското воено воздухопловство пресретнаа руски авион „Ил-78 Мидас“ кој летал над естонскиот воздушен простор, јави Би-Би-Си.
„Самото пресретнување било рутинско, но ова е првпат две земји да изведат таква операција“, пишува Би-би-си.
Двете земји спроведуваат планирана заедничка НАТО контрола на воздушниот сообраќај во регионот и го пресретнаа „летечкиот танкер“, односно авионот „Иљушин“ со систем за полнење гориво, бидејќи руските пилоти не успеале да стапат во контакт со естонската контрола на летање.
„НАТО продолжува да ја сочинува основата на нашата колективна безбедност. Ова заедничко разместување на Британија и Германија на Балтикот јасно ја покажува нашата колективна решителност да се спротивставиме на секоја потенцијална закана за границите на Алијансата, истовремено покажувајќи ја нашата заедничка сила“, рече британскиот секретар за одбрана, Џејмс Хепи.