Богдановиќ нема да бара оштета, а брачниот пар Ременски се чувствуваат оштетени од прислушуваните разговори во кои биле таргет

Актуелниот градоначалник на Општина Центар Саша Богдановиќ денеска во сведочењето за предметот за прислушкувањето „Таргет-Тврдина“, рече дека од 2009 до 2013 година работел во Хумал ск, а од 2014 бил директор на ЈП Паркинзи на општина Центар, како и дека бил политички активен во СДСМ.

„Од 2008 имаше шпекулации дека има прислушување, а по објавувањето во 2015 година се обратив до СЈО, од каде ми беше кажано дека сум прислушуван на пет телефонски броеви“, изјави Богдановиќ.

Рече дека се чувствува оштетен, но немада бара отштета.

Сведокот оштетен Фросина Ременски, рече дека од 2008 до 2014 работела на факултетот за безбедност и се занимавала со работењето на МВР, постоеле сомнежи дека нејзините службени и приватен телефон се следени.

„Тие сомнежи потоа и ми се потврдија. Мое мислење е дека бев следена за изнесени мои професионални ставови и поднесена кривична пријава од 2013 година, а не за мојаот политички ангажман. За мене не постоеше сомнеж ниту дека јас и моето семејство сме следени и недозволено фотографирани. Од СЈО добива потврда дека пет мои телефони се прислушувани“, изјави Ременски.

Рече дека се чувствува како оштетена, бидејќи била суспендирана и разрешена функција ректор на факултетот за безбедност.

„Фактот дека 2011, 12 и 13 година целиот документиран перид во кој е откриен и пријавено незаконското опремување на МВР на штета на мојот факултет, целиот период на различни начини ми е вршен притисок и професионален и приватен. За сето тоа ќе барам отштета и ќе поднесам докази“, изјави Ременски.

Нејзиниот сопруг Јовче Ременски, рече дека во 2006 година работел во Управата за контрарзузнавање и бил прераспределен, по што од колеги дознал дека е таргет на следење.

„Заради моето искуство точно знаев што значи тоа и имав основано сомнение, бидејќи приватно во тековниот живот се случхваа работи кои не може друг да ги прави освен службата. Во 2008 година од колега бев информиран дека сум таргет на службата. Потоа по објавување на аферата од СЈО бев информиран дека моите четири телефони биле таргет на следење“, изјави Јовче Ременски.

Посочи, дека има поднесено барање до телеком операторите за тоа дали е нелегално прислушуван и добиените одговори ги доатави до обвинителството како докази.

„Имам докази дека сум бил од интерес на службата. Има и нарачка за мое ставање во инвалидска количка, се тоа паралелно со прислушување од Управата“, изјави Јовче Ременски.

Рече дека се чувствува оштетен и има лична и материјална и нематеријална штета, и дека за материјалната штета дополнително ќе се произнесе