Боко Харам ослободи ученички

Осумдесет и две нигериски ученички кои неодамна беа ослободени, после повеќе од три години заробеништво од страна на Боко Харам, денес се вратија кај своите семејства.

Повеќе десетици семејства во саботата стигнаа во престолнината Абуџи, каде што властите на Нигерија ги преместија девојките, откако беа ослободени на почетокот на овој месец, пренесува АП.

Тоа, како што се наведува, била најголема операција на ослободување на заложници откако во 2014 година 276 ученички беа грабнати од нивните училишта.

Многу девојки биле принудени да се омажат за екстремистите и да им родат деца. Некои дури и се радикализирале и одбиле да се вратат. Се стравува дека такви жени биле користени како бомбаши-самоубијци.