Боко Харам уби 18 фармери и грабнаа девет жени

LinkSense.mk

Властите во Чад соопштија дека припадниците на екстремистичката група Боко Харам од Нигерија убија 18 фармери и грабнаа девет жени.

Напаѓачите, како што соопштија властите, тргнале од селото Мајер недалеку од езерото Чад и на западот на Чад ги убиле фармерите.

Фармерите биле надвор од подрачјето кое го покриваат безбедносните служби, во потрагата по ново обработливо земјиште. Затоа биле нападнати“, изјави гувернерот Махмат Абел Салех за Ројтерс.

Боко Харам веќе девет години се бори да воспостави исламистички калифат, а извршија напади и во соседните земји на Чад, во Нигер и Камерун.

Групата до сега уби повеќе од 30.000 луѓе, а заради нивното насилство раселени се 2,7 милиони.