Болницата „Св. Еразмо“ во Охрид ќе добие современ центар за физикална терапија

Проектот „Реконструкција и опрема на современ центар за физикална терапија во болницата Св. Еразмо“, денеска ќе биде промовиран во просториите на болницата „Св.Еразмо“, во Охрид.

Како што соопшти Министерството за локална самоуправа, целта на настанот е да се презентираат резултатите од проектот кој што е поддржан преку грант-шемата за инвестициски проекти во областа на социјалното вклучување во Југозападниот плански регион.

На настанот најавени се обраќања на министрите за локална самоуправа и за здравство, Горан Милевски и Венко Филипче, амбасадорката на Швајцарија Сибил Зутер Тејада, Рамиз Мерко, претседател на Советот за развој на СЗПР, Константин Георгиески, градоначалник на Општина Охрид, Мирјана Лозаноска, директорка на Центар за развој на југозападен регион и Ацо Велески, директор на болницата Св. Еразмо Охрид.

Проектната идеја беше идентификувана на партиципативен начин со активно учество на претставници од владиниот, невладиниот, образовниот и деловниот сектор.