Болт е решен да стане фудбалер

LinkSense.mk

Светскиот рекордер во спринт Усаин Болт има голема желба да започне фудбалска кариера и затоа одлучи да дојде на проба во австралискиот Централ Коуст Меринерс.

Спринтерот од Јамајка, кој има осум олимписки златни медали, шест недели ќе проведе на тест во Австралија.

Директорот на клубот Шон Милекамп е воодушевен со идејата што Болт има прилика да се избори за договор со Меринерси.

Ова е вистинска шанса, сакаме да видиме дали Болт може да игра. Ако може, тогаш во нашиот клуб ќе го имаме едно од најголемите и најзвучни имиња, од кога и да е, во спортот“, изјави Милекамп за „Телеграф“.

Болт претходно извесно време тренираше во Борусија од Дортмунд и во јужноафриканскиот клуб Мамелоди, но не се избори за договор.