Бомбардирана амбасадата на Русија во Дамаск

Амбасадата на Русија во Дамаск во средата била цел на жесток артилериски ракетен напад.

Нападот траел два часа и во него, за среќа, нема настрадани.

Руската амбасада била гаѓана со минофрлачи од територијата на дисктриктот Џобар, којшто е под контрола на екстремисти, се наведува во соопштението на министерството за надворешни работи на Русија.

Министерството остро го осуди нападот.

Ова е втор атак во последниот месец на овој објект.