Руската војска во вторникот покрена операција ид широки размери против терористите во две сириски провинции со носачот на авиони „Адмирал Кузњецов“ и фрегатата „Адмирал Глигоровиќ“, кои се дел од руската поморска група во близина на сирискиот брег во источниот Медитеран и учествуваат во воздушните напади.
Цели им се фабрики и магацини за оружје на џихадистите во сириската провинција Хомс и Идлиб.
На носачот изграден во бродоградилиштето во Црно море се наоѓаат речиси 2.500 војници и десетици борбени авиони и хелихоптери.
Сите авиони се потполно опремени со вооружување и се подготвени за борбена мисија, носејќи бомби со голема прецизност од 500 килограми кои експлодираат на метар и половина од целта.