Борисов: „Бугарското малцинство мора да биде впишано во македонскиот Устав“

LinkSense.mk

„За да има наша поддршка за Република Северна Македонија, бугарското малцинство мора да биде внесено во македонскиот Устав“, рече поранешниот бугарски премиер и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, на денешната средба со претставници на бугарските организации во Македонија.

„Северна Македонија нема поблизок пријател од Бугарија. Треба да најдеме начин да ги поправиме нашите односи. Целиот демократски свет ѝ се смее на нашата лоша дипломатија. За нас е важно Северна Македонија да влезе во ЕУ“, додаде тој.

Претставниците на бугарските организации побараа од Борисов да се решат прашањата за човековите права и велат дека имаат право да бидат бугарофили, но нагласуваат дека во Македонија се третирани како да не постојат.