Бразилски сенатори бараат на Болсонаро да му се забрани пристап до социјални мрежи

LinkSense.mk

 Комисија на бразилскиот Сенат, која го истражува одговорот на бразилската Влада на пандемијата, денеска побара од Врховниот суд и од Канцеларијата на јавниот обвинител да го отстранат претседателот Жаир Болсонаро од социјалните мрежи.

Сенаторите повикаа на лидерот на екстремната десница да му биде забранет пристапот до YouTube, Twitter, Facebook и Instagram на неодредено време, откако тој наведе непостоечки „официјални извештаи“ од британската влада во кои се тврди дека целосно вакцинираните луѓе развиваат СИДА „многу побрзо“ од очекуваното.