Брена пак падна на бината (ВИДЕО)

Балканската музичка легенда настапи во Пловдив со комплетниот бенд, со придружба на балетска група и во ритамот на хитовите од осумдесеттите со кои ги полнеше не салите, туку фудбалските стадиони низ Бугарија.

Ошпто е познато дека Брена е миленичка на бугарската публика.

Да се потсетиме само дека на почетокот на деведесеттите со хеликоптер слета на стадионот „Васил Левски’ во Софија, каде што, според податоците, имаше сто илјади луѓе.

Секој нејзин следен настап во оваа земја само потврдуваше зошто Брена таму има статус на национална ѕвезда.

На бугарската миленичка овој пат на бината и се случи незгода која, очигледно, не ја потресе многу.

А, некогаш се паѓаше поинаку …