После повеќемесечна расправа, британскиот парламент го донесе спорниот нов закон со кој на властите – од полицијата до регулаторите за храна, противпожарните служби и даночните инспектори, им се даваат овластувања да ги анализираат податоците од пребарувачот на интернет за секое лице во таа земја, јавува АП.
Нацрт законот за истражителски овластувања, кои критичарите го нарекуваат „шпионска повелба“, парламентот го усвои овој месец после повеќе од една година расправи и измени, а официјално ќе стане закон и ќе се применува од следната недела кога ќе го одобри кралицата.
Тим Бернерс-Ли, компјутерски научник кому во заслуги му се припишува воспоставување на Светска мрежа (World Wide Web), новиот закон на Твитер го искоментирал со зборовите: „Темни, темни денови“.
Новиот закон предвидува телекомуникациските компании да водат евиденција за сите активности на корисниците на мрежи во текот на една година, креирајќи бази на податоци со лични информации кои би можеле да бидат чувствителни за хакерски напади или одавање.
Групите за заштита на граѓанските слободи тврдат дека тој закон се воведува за масовен надзор над британските граѓани, следејќи недолжни корисници на интернет од канцеларија до дневна или спална соба.