Британски медиуми: Лондон води тајна операција против Москва и Пекинг

LinkSense.mk

Тајното „банкарско“ одделение на британското Министерство за одрана, чија цел беше да ги ограничи финанските активности на терористичката група ДАЕШ, сега се насочи на борба против Русија и Кина, пишува „Фајнешенел тајмс“, повикувајќи се на сопствени извори.

Според податоците на британскиот ве,сник, тајното одделение, во кое работат поранешни банкари и финансиери, формирано е пред шест години за да ги попречи финансиските активности на ДАЕШ во Сирија и во Ирак. Вработените во оперативната група работеле со специјалните сили, специјалните служби, како и со 77 Единица за борба против информатичка војна. Нивната задача се состоеше во тоа да го ослабат противникот по пат на ограничен пристап до финансиите.

„Побарувачката за експерти за одделението расте затоа што противниците, како што се Русија и Кина, користат „сива зона“ меѓу војна и мир, применувајќи сајбер оружје против националната инфраструктура и вложувајќи во деликатни сфери во странство“, пишува весникот.

Воздухопловниот маршал Едвард Стрингер, кој ја надгледувал оперативната работа до заминувањето во пензија оваа година, изјавил за „Фајнешенел тајмс“ дека е неопходно да се пронајдат исклучително важни елементи за деловниот модел на противикот, да се отстранат и максимално да се отежни нивната замена.

„Било да се работи за либаннски ‘Хезболах’, за луѓе поврзани со Путин, Корпусот чувари на исламската револуција или пак, на пример, за Народнноослободителната армија на Кина, сите тие организации се мини политички единици во рамки на својата економија. Зошто да им дозволите да дојдат до бојото поле, ако можете да ги лишите од ресурси пред да дојдат до таму“, оцени Стрингер.

Британскиот медиум наведува дека од прекинот на операцијата против ДАЕШ тоа одделение се користи за конкретни задачи и дека не е редовна единица во составот на Министерството за одбрана на Велика Британија.

Запад повеќе пати ја обвинуваше Русија за мешање во внатрешните работи и за сајбер напади. Русија сите обвинувања ги отфрли, наведувајќи дека западните земји немаат никакви докази. Москва, исто така, соопшти дека е подготвена на дијалог за сајбер-безбедност.