Британците го исмеаја Трамп

LinkSense.mk

Демонстранти во Лондон денеска го исмеаја американскиот претседател Доналд Трамп, прикажувајќи го како огромен балон во облик на бебе кое плаче.

Бебето во пелени со препознатливиот прамен коса и мобилен телефон се издигна над зградата на британскиот Парламент, како централно место за демонстрации против Трамп поради неговата политика против имиграцијата, расната дискриминација, односот кон жените и климатските промени.

Според организаторот на протестот, демонстрации ќе има во околу 50 градови ширум Велика Британија.

Трамп кој вчера допатува во Лондон изјави дека поради планираните протести чувствува дека не е добредојден.

„Го сакам Лондон. Не сум бил подолго време. Но, ако се почувствувам недобродојден, зошто би останал тука“, рече американскиот претседател.