Бројот на заразени од Ковид-19 во светот надмина 91 милион лица

Бројот на заразени во светот од коронавирус синоќа надмина 91 милион лица.

Од Ковид-19 се излекувани 65 милиони луѓе (97 отсто), а починале 1,95 милиони (три отсто) пациенти.

Во светот моментно има 24,1 милион активни случаи, од кои 99,5 проценти од пациентите се во полесна здравствена состојба, додека 0,5 отсто се наоѓаат во критична состојба.

Најголем број на заразени случаи со коронавирус има САД со над 23 милиони од почетокот на пандемијата, потоа следуваат Индија со 10,4 милиони, Бразил со 8,1 милион, Русија со 3,4 милиони и Велика Британија со 3,1 милион лица