Бројот на раселени лица во светот надмина 100 милиони

LinkSense.mk

Повеќе од 100 милиони луѓе се протерани од своите домови ширум светот, соопшти денеска Агенцијата за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), наведувајќи нови податоци за оние кои бегаат од насилства, конфликти, прогони и кршење на човековите права.

Војната во Украина е еден од факторите што принуди милиони луѓе да избегаат, соопшти УНХЦР, додавајќи дека долготрајните конфликти во земји како Етиопија и Демократска Република Конго се други фактори кои стојат зад големите бројки.

Тоа е рекорд кој никогаш не требаше да биде поставен“, рече високиот комесар на ОН за бегалци, Филипо Гранди, во изјавата испратена до новинарите.

Ова мора да послужи како повик за будење за да се решат и да се спречат деструктивни конфликти, да се стави крај на прогонството и да се решат основните причини што ги принудуваат невините луѓе да ги напуштат своите домови“, истакна тој.

Податоците на УНХЦР ги вклучуваат бегалците, барателите на азил и раселените внатре во нивните земји. Минатата недела УНХЦР соопшти дека бројот на внатрешно раселените достигнал рекорд од речиси 60 милиони до крајот на минатата година.

Гранди повика на акција за решавање на причините за раселувањето, велејќи дека хуманитарната помош само ги лекува последиците.

За да се смени овој тренд, единствениот одговор се мирот и стабилноста за невините луѓе да не бидат принудени да се коцкаат помеѓу акутната опасност дома и несигурно бегство и прогонството“, додаде тој.