Бугарија: Нови, вонредни, парламентарни избори во јули

Вонредни паралемнтарни избори во јули е најверојатно сценарио за излез од блокадата на 45-от бугарски парламент каде очигледно е дека не може да се состави нова влада, објави „24 Часа“ по изјави од пратеници од шесте парламентарни партии.

За датумот партиите ги разгледуваат – 11, 18 или 25 јули. За 11 или 18 јули
претендираат од ГЕРБ, наведува 24 Часа.

За тие датуми се и од ДПС. Ставот на БСП е вонредните избори да бидат на 1 август.

„Едноставно, никој нема намера да состави нова влада, и ние се движиме кон што побрзи избори “, ја коментира одлуката на парламентот пратеникот на ГЕРБ-СДС, Љубен Дилов.

Премиерот во оставка и лидер на ГЕРБ, Бојко Борисов, исто така, ја предупреди својата партија да се подготви за гласање во рок од два месеци. Доколку „Има таков народ“ го вратат неисполнет мандатот што ќе го добијат од Румен Радев оваа недела, првите два дена од мај ќе бидат за ротација на третиот мандат. Ако и тој не успее, веќе од 17-23 мај, шефот на државата може да го распушти Националното собрание и да закаже нови избори во рок од два месеца.