Бугарскиот претседател денеска го врачува првиот мандат за состав на новата влада

LinkSense.mk

Бугарскиот претседател, Румен Радев, денеска ќе го врачи првиот истражувачки мандат за формирање влада, јави дописникот на МИА од Софија.

Тоа претпладнево ќе го стори во претседателската администрација.

Победниците на предвремените парламентарни избори во Бугарија – ГЕРБ-СДС имаат право први да се обидат да формираат влада. Радев пред неколку дена коментираше дека се надева оти на најдобар начин е искористено дополнителното време од два месеци што им го даде на бугарските парламентарни партии за консултации меѓу нив. Засега не се знае кој ќе биде кандидатот на ГЕРБ за премиер на Бугарија и дали таа ќе биде партиска или експертска.

ГЕРБ-СДС ја испрати својата програма за управување до другите парламентарни партии застапени во 48. Народно собрание, со надеж дека ќе добијат поддршка за неа. Според медиумите во Софија, во моментов шансите за формирање нова бугарска Влада не изгледаат големи со оглед на најавената намера за „Промените продолжуваат”, БСП и „Демократска Бугарија” да не учествуваат во влада со поранешните владетели. на ГЕРБ и СДС, откако прифатија враќање на хартиеното гласачко ливче.

Доколку ГЕРБ-СДС не добие поддршка за парламентарна коалиција во Народното собрание на Бугарија, мандатот мора да му го врати на претседателот Радев во рок од една недела.

Како што потсетува дописникот на МИА од Софија, потоа претседателот на Бугарија вториот мандат ќе и го брачи на втората по големина партија „Промените продолжуваат” и доколку не успее да формира влада, и таа ќе мора да го врати мандатот на крајот од следните седум дена, како што е напишано во Уставот.

Третиот мандат кој Радев мора да го предаде е на партија или коалиција на 48. Народно собрание по негов избор. А ако и таа не успее да формира мнозинство, за да владее, тогаш тој ќе мора да го распушти бугарскиот Парламент и да донесе декрет за одредување датум за предвремени парламентарни избори и за именување на преодна влада.