Бундес лига: Борусија го победи Баерн

Фудбалерите на Борусија го победија на свој терен Баерн од Минхен во дерби натпреварот од 11 коло во Бундес лигата.

Единствениот гол на мечот го постигна Пјер Ерик Обамејанг во 11 минута.

Марио Геце од десната страна ја нафрли топката пред голот на Баерн, а Обамејанг само ја закачи и ја сврти во мрежата на Мануел Ноер.

Борусија „врза“ две победи во Бундес лигата, трета е на табелата со 21 бод, колку што има и Келн на четвртото место.

Баерн го претрпе првиот пораз од почетокот на шампионатот.

Втор е на табелата со 24 освоени бодови.

Екипата од Дортмунд во наредното коло му гостува на Ајнтрахт, додека Баерн во Минхен го дочекува Баер Леверкузен.