Бурата Харвеј ја покачи цената на бензинот

Цената на бензинот во САД скокна на двегодишен максимум, затоа што тропската бура повторно се појави на американскиот брег на Мексиканскиот залив.

Рафинеријата „Порт Артур“ во сопственост на компанијата Мотива Ентерпрајсес, најголема во земјата, почна со контролирано затварање на погоните поради големите поплави, известува агенцијата Блумберг.

Тој прекин на производството влијаеше на скок на цената на моторните горива на берзата во Њујорк, од дури 6,6 отсто, додека падот на побарувачката за нафта од фабриките погодени со бурата ја држи цената на „црното злато“ на најниска стапка во последните пет недели.

Цената на бензинот за испорака во септември, чие договарање истекува утре, порасна за 11,76 центи, на 1,9009 долари за галон (3,78 литри) на њујоршката стоковна берза, што е највисока стапка за повеќе од две години.

Бензинот за испорака во октомври беше договорен за 5,7 центи поскапо, на 1,6587 долари на тргувањето рано попладнево, во 13.40 часот во Лондон.