Џанлуиџи Буфон ужива во фудбалот. Тој продолжува со одлични одбрани, рефлексите и понатаму му се на врвно ниво, така што, засега, нема причини да размоислува за пензија.
„Не се чувствувам стар иако имам 38 години. Ќе ставам крај на кариерата за 10 или можеби 15 години. Којзнае, можеби ќе се пензионирам на 65 години, изјави Буфон за „Тутоспорт“.
Истакнува дека од поразите научил многу повеќе отколку од победите.
„Не сум губел многу во животот, но поразите ме научија повеќе од победите. Секогаш кога тоа ќе се случи се фокусирам на вештината на противникот и на грешките кои сум ги направил. Не барам изговори, така размислувам. Нормално е направите грешка, но не ми е срам да побарам причина за тие грешки“.
Откри и интересен детал од почетокот на неговата кариера.
„Одбив да земам дрога кога ми нудеа кога имав 13 години. Еден човек во Парма ми даваше за да се забавувам, реков не и три години подоцна тој почина од предозирање. Верувам дека работите треба да се прават на вистински начин, тоа е мојот карактер“, заклучи Буфон.