Буфон не сака во пензија, Јувентус му нуди нов договор

Голманот Џанлуиџи Буфон нема намера да оди во пензија, а Јувентус реши да му понуди нов договор, кој би траел до летото 2021 година.

Легендата на Јуве, кој во јануари ќе наполни 42 години, договорот со екипата од Торино му истекува во јуни следната година.

Буфон има статус на резервен чувар на мрежата, а моментно дресот со број еден е „сопственост“ на полскиот интернационалец Војчех Шчесни.