Вакцината во спреј догодина: Има помалку нуспојави од класичната

Вакцината против Ковид-19, во вид на спреј за нос, ќе биде достапна во есента 2022 година, потврди директорот на Центарот „Вектор“ во Новосибирск, Ринат Максјутов.

Тој истакнува дека ќе бидат спроведени класични испитувања, а потоа вакцината во спреј ќе почне масовно да се произведува.

Експериментите со овој вид на вакцина се водат во многу земји, но испитувањата се главно на животни.

И директорот на Центарот „Н. Гамалеја“, Александар Гинзбург, рече дека и тие се подготвени да тргнат во клинички испитувања на вакцината во спреј против корона вирус.

Гинзбург објасни дека во спрејот ќе биде друга компонента од вакцината „Спутник В“, а во нос ќе се вбризгува со помош на посебен шприц.

Правењето на вакцината во облик на спреј и капки, Центарот „Гамалеја“ го патентираше во април.

Веќе ги поминавме претклиничките испитувања на назалната вакцина против корона. Сега се решава прашањето на финансирањето на клиничкото испитување“, истакна Гинзбург и нагласи дека луѓето кои ја пробале вакцината вбризгана во нос немале никакви пратечки негативни ефекти.

Инфектологот Светлана Ишченко оптимистички изјави дека вакцината во спреј може да биде поефикасна во правењето на подолг имунитет.

Во центарот „Гамалеја“ очекуваат нивната назална вакцина да биде регистрирана во 2022 година. Клиничките испитувања на вакцината ќе бидат направени до крајот на оваа и почетокот на следната година.

Предноста на вакцинацијата со помош на спреј е во тоа дека имунитетот се ствара преку слузокожата на дишните органи, со што, нагласуваат експертите, се намалува можноста за пренесување на вирусот.

Професорот Гринзбург тврди дека предноста на вакцината во спреј или капки за во нос е и во тоа што во ваков облик ќе има помалку несакани пратечки појави, отколку во вакцинален облик и дека ќе се препорачува и за деца.

И Научноистражувачкиот институт „А. Смородин“ од Санкт Петербург ги заврши претклиничките испитувања на својата вакцина против ковид-19. Сега ќе се спроведат истражувања на доброволци. Таа вакцина би требало да штити не само од корона туку и од грип. Директорот на тој институт, Дмитриј Лиознов, соопшти дека и таа вакцина ќе се произведува во форма на спреј.

Ниту вакцината во спреј нема да се наоѓа во слободна продажба во аптеките, затоа што ќе мораат да ја вбризгуваат медицински лица.