Вангеловски претседател на Врховен, Рибарев на „Скопје 1“

Судскиот совет на Република Македонија на денешната седница за нов претседател на Врховниот суд го избра Јово Вангеловски,  поранешен претседател на судот.

За нов в.д. претседател на Основниот суд Скопје 1 Скопје е назначен врховниот судија Стојанче Рибарев.

На денешната седница на Судскиот совет прво беше констатирана оставката на в.д. претседателката на Кривичниот суд, Татјана Михајлова.