Ван де Бек: Лампард имаше големо влијание врз мојата одлука да му се приклучам на Евертон

LinkSense.mk

Играчот од средниот ред Дони ван де Бек проговори за неговата преселба од Манчестер јунајтед во Евертон. Фудбалерот е на позајмица до крајот на актуелната сезона.

– Имавме многу позитивен состанок со новиот менаџер Лампард. Нашите ставови за фудбалот се исти, тој имаше силно влијание врз мојата одлука.

Играв против него кога бев во Ајакс, а тој беше во Челзи (како менаџер), ме знае како фудбалер. Верува дека имам квалитети кои можат да му помогнат на тимот, изјави Ван де Бек за клупскиот сајт на Евертон.

Дваесет и четиригодишниот холандски фудбалер оваа сезона забележа 14 настапи за Манчестер јунајтед во сите натпреварувања и постигна еден гол.

„Transfermarkt“ го цени играчот на 25 милиони евра.