Ватикан замрзна сомнителни пари

LinkSense.mk

Повеќе од два милиона евра, пари со сомнително потекло, минатата година се замрзнати во Ватикан во рамки на борбата која папата Фрањо ја објави против перењето пари во Светата столица, соопшти ватиканскиот главен обвинител Џан Пјеро Милано.

Милано, чија титула гласи „промотер на правдата“ рече дека замрзнатите пари, околу 2,1 милион долари, се дел од вкупната сума од околу 13 милиони евра колку што се замрзнати меѓу 2013 и 2016 година.

Според неговите зборови, истрага се води во 17 случаи за кои постои сомневање дека биле финансиски малверзации.

Минатата година Агенцијата за финансиско информирање на ватикан соопшти дека затворила речиси 5.000 сомнителни сметки во рамките на тригодишната истрага за работењето на Ватиканската банка.

Агенцијата ја основа во 2010 година тогашниот папа Бенедикт XVI како би се усогласиле финансиските институции на Ватикан со меѓународните стандарди, а се со цел да се намали ризикот од злоупотреба на сметките за сомнителни цели.