Верушевски бара 71.000 евра отштета за притворот за „Пуч“

Поранешниот разузнавач и советник за безбедност на премиерот Зоран Заев, Зоран Верушевски во тужба пред Основниот граѓански суд Скопје бара отштета од државата во висина од четири милиони и 104 илјади денари, односно околу 71 илјада евра, за
поминатите 344 дена во притвор за предметот „Пуч“ и за неовластено поседување на оружје.

Случајот „Пуч“ беше отворен во јануари 2015 година од претходната власт кога лидерот на СДСМ Зоран Заев почна да ги објавува „бомбите“.

Во „Пуч“ осомничени „за насилство кон претставници на највисоките државни органи“, покрај Заев, беа и поранешниот разузнувач Зоран Верушевски, неговата сопруга Соња Верушевска, Бранко Палифров, вработен во Општина Струмица и Ѓорѓи Лазаревски поранешен вработен во МВР.

Од Основниот граѓански суд Скопје информираа дека пресудата по барањето на Верушевски ќе ја објават на 4 ноември.

 

(Извор: МИА)