Најмалку две лица се повредени во силното невреме, проследено со пороен дожд, го погоди турскиот град Истанбул.
Надојдената вода носеше автомобили по улиците, предизвика прекин на градскиот сообраќај, како и откажување на летови на Меѓународниот аеродром „Ататурк“. Запрен беше и поморскиот сообраќај, а некои жители на Истанбул со гумени чамци пловеа по поплавените булевари.
Извор: Макфакс