(ВИДЕО) Меј: Ова е изопачен и болен чин

Британската премиерка Тереса Меј доцна вечерва даде изјава во која се осврна на крвопролевањето во кое засега неименуван напаѓач уби три лица за после судирот со полицаецот пред зградата на британскиот парламент и самиот подлегна на повредите.

Нападот, кого полицијата го води како терористички, премиерката го нарече „изопачен и болен чин“.

После краткиот извештај за тоа што се случи во Лондон, изрази сочуство на семејствата на жртвите и им заблагодари на сите вработени во итните служби кои веднаш дојдоа во помош на повредените и ги превзедоа сите мерки за бројот на жртвите да не биде поголем.

„Локацијата на овој напад не е случајна. Терористот го одбрал срцето на нашиот град каде сите луѓе доаѓаат да ја слават демократијата и слободата на говорот. Во овие згради е изгравиран духот на слободата“, изјави Меј.

„Слободните луѓе од целиот свет се восхитуваат на вредностите кои ги претставува нашиот парламент, затоа тој е цел на луѓе кои таквите вредности ги отфрлаат. Но, секој обид на насилна пресметка со тие вредности осуден е на пропаст, додаде премиерката.

„Утре нашиот парламент ќе заседава вообичаено, сите утре ќе продолжиме вообичаено да живееме и никогаш нема да допуштиме гласовите на теророт и злото да не раздвојат“, заклучи во своето обраќање Меј.

Неколку часа порано, по телефон разговараа претседателот на САД, Доналд Трамп и британската премиерка.

„Го осудуваме нападот во Лондон, за кој Велика Британија вели дека е терористички, и го поздравуваме брзиот одговор на британската полиција“, рече Шон Спајсер, портпарол на американскиот претседател.

Спајсер, патем, вети полна поддршка на Лондон.

Францускиот претседател Франсоа Нулан испрати телеграма во која во името на Франција изрази солидарност и поддршка на британскиот народ и премиерката Тереса Меј.

„Тероризмот не засега сите. Треба да се организира на европско ниво начин да се спротиставиме на која било терористичка закана“, стои во пораката испратена од Нулан до Меј.

Германската канцеларка Ангела Меркел изрази поддршка на „британските пријатели и сите жители на Лондон“. Иако сеуште не е јасна поздината на нападот, изрази солидарност на Германија и германските граѓани на Британците во борбата против секој облик на тероризам, се наведува во воопштението.

Портпаролот на руското Министерство за надворешни работи Мариа Захарова изрази сочуство на семејствата на жртвите. Таа нагласи дека тероризмот е зло на кое треба да му се спротистави колективно.

Поддршка до Меј испрати и шпанскиот премиер Мариано Рајо. Тој на Твитер напиша: „Шпанија е со британскиот народ. Го осудуваме нападот во Лондон.“

Холандскиот премиер Марк Рут истакна дека е „шокиран од грозните вести од Лондон“ и дека со внимание ја следат ситуацијата.

Претседателот на Европската комисија Жан клод Јункер рече дека е потресен што на годишнината од нападот во Брисел се случи нешто слично во Лондон и против Лондон.

Претседателот на Европскиот совет Доналд Туск изрази сочуство на семејствата на жртвите во нападот и нагласи дека „Европа одлучно стои зад велика британија во борбата против тероризмот.“

Шефот на италијанската влада Паоло Џентиљони ја истакна блискоста на Италија со британскиот народ и владата после нападот во средиштето на лондон и неговите демократски институции, и во името на неговата влада и државата воопшто им изрази сочуство на семејствата на жртвите.

Австрискиот претседател Александер Ван Дер белен го осуди нападот близу британскиот парламент и изрази сочуство на семејствата на загинатите.

Турскиот премиер Бинали Јилдирим рече дека тероризмот е светска катастрофа против која мора да се борат сите земји. Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, пак, на Твитер објави дека „Турција и турскиот народ кои полно пати претрпеле слични напади, ја делат болката на Велика Британија и нејзиниот народ.“

Финскиот премиер Јуха Сипила на Твитер остро го осуди нападот во Лондон.

Данскиот премиер Ларс Расмунсен на Твитер напиша дека е згрозен од снимките од британската престолнина.

Норвешката премиерка Ерна Солберг на Твитер истакна дека е згрозена од нападот во средиштето на британската демократија.